Новости

ИАРМ го продолжува статусот на потписник на EA-MLA

 

ИАРМ го продолжува статусот на потписник на EA-MLA во областите на калибрација, тестирање (вклучувајќи медицински испитувања според ISO 15189), инспекција и сертификација на производи и станува потписник на EA-MLA во областа на сертификација на системи за управување


Во тек на 40-от состанок на Советот на МЛА при Европската организација за акредитација (ЕА МАС) одржан на 03-04 октомври 2018 година во Будимпешта (Унгарија), чиј домаќин беше Унгарското тело за акредитација, Советот за МЛА го разгледа исходот од повторното оценување на ИАРМ.

 

ЕА MAC, кој инаку управува со процесот на меѓусебна евалуација и одлучува за потписниците на МЛА, ги донесе следниве две значајни одлуки за ИАРМ:

 

ИАРМ останува потписник на EA-MLA во областите на калибрација, тестирање (вклучувајќи медицински тестирања според ISO 15189), инспекција и сертификација на производи.

 

ИАРМ станува потписник на EA-MLA во областа на сертификација на системи за управување според ISO / IEC 17021-1.

 

Мултилатералниот договор на ЕА (EA MLA) е потпишан договор помеѓу полноправните членки на ЕА, при што потписниците ја признаваат и прифаќаат еквивалентноста на системите за акредитација на членките кои го потпишуваат, како и веродостојноста на резултатите од оцената на сообразноста, обезбедени од телата за оцена на сообразност што се акредитирани од страна на потписниците.


   
   
   
   
   
   
   
   

ЈАВЕН ПОВИК