Регионална соработка
Потпишан договор со АТ на Албанија
Со цел меѓународно промовирање на своите активности и одржување на трендот на проширување на меѓународната соработка со акредитационите тела на државите од Европа, на 20.02.2008 година, Институтот за Акредитација на Република Македонија (ИАРМ) потпиша Договор за соработка со Акредитационото Тело на Република Албанија (ДА).
Цел на Договорот е континуирана соработка помеѓу двете акредитациони тела за постигнување на едноличен акредитационен процес во регионот и обезбедување взаемна поддршка за развој и унапредување на акредитационите активности во двете земји.
Во рамките на ЕА принципите, двете страни потписнички на договорот одлучија да ја одржуваат и развиваат взаемната поддршка, постигнување и одржување еквивалентност и хармонизација на акредитационите принципи во согласност со упатствата од EA, IAF и ILAC, постојано одржување на деловни контакти со сите релевантни тела, како и взаемна поддршка во процесот на придружување кон земјите потписнички на MLA договорите.
фото
Потпишани договори со АТ на Србија и АТ на Црна Гора
На 29. јануари 2008 година, Институтот за акредитација на Република Македонија потпиша билатерални договори за соработка во областа на акредитацијата со Акредитационото Тело на Србија и Акредитационото Тело на Црна Гора.
Во согласност со Спогодбата за слободна трговија во Централна Европа "CEFTA 2006", АНЕКС 1, поглавјето IV Технички пречки во трговијата, со цел на отклонување на непотребните пречки во трговијата (во смисол на СТО Спогодбата за технички пречки), Институтот за Акредитација на Македонија и Акредитационото Тело на Србија, како и Акредитационото Тело на Црна Гора ќе соработуваат и разменуваат информации во областа на акредитацијата постапувајќи према принципите и нормите кои ги усвоиле европските и меѓународните организации во оваа област.
Целта на овие договори е да се обезбеди постојана соработка помеѓу договорните страни заради хармонизација на процесот на акредитација на регионот, со активно учество на двете акредитациони тела во развојот и унапредувањето на процесот на акредитација во трите држави.
Во рамките на потпишаните договори, договорните страни ќе соработуваат во областа на акредитацијата на лаборатории кои вршат испитување и калибрирање, телата кои вршат сертификација на производи, системи на управување, лица и контролни тела.
Со овие договори опфатени се следните активности:
- размена на информации за активностите и документацијата во областа на акредитацијата;
- заедничко организирање на семинари и конференции
- заемна обука на кадри
- размена на оценувачи и технички експерти регистрирани кај договорените страни, со цел на запознавање на процесот на акредитација на лице место;
- спроведување на заедничко оценување
- заедничко учествување на организциите од Република Македонија, Црна Гора и Република Србија во меѓулабораториските споредби.
Како израз на својата решеност да соработуваат, договорните страни периодично, а најмалку еднаш годишно, ќе утврдуваат програми за соработка со конкретните проекти.
фото 
Статус на полноправна членка во ЕOA
Институтот за акредитација на Република Македонија се стекна со
статус на полноправна членка во Европската организација за акредитација
(European co-operation for Accreditation) на 21 ноември 2007 година.
EA
ЕА е непрофитна организација базирана на членство од страна на
национално прифатените акредитациони тела кои е наоѓаат во географската
територија на Европа. ЕА која дејствува како мрежа во која не постои
конкуренција ги има следиве цели:
- Да придонесе кон елиминирање на техничките бариери кон трговската
размена со постигнување на униформиран пристап на акредитација
и услугите за оценување на сообразноста.
- Да дава техничка поддршка на Европската Комисија и ЕФТА во имплементација
на директивите и развој на заедничко препознатливи договори.
- Да го промовира меѓународното признание на акредитацијата и
акредитиационите услуги со одржување на стабилни и сигурни мултилатерални
договори.
Заинтересирани или вклучени страни во работата на ЕА се:
- тела за оценување на сообразноста (лаборатории, сертификациони
и инспекциски тела);
- Европската Комисија;
- ЕФТА;
- регулатори;
- индустријата;
- потрошувачите.
Нивните интереси се застапени преку членство во ЕА Советодавниот
Одбор и ЕА Комитетите.
За разлика од ИСО 9001 сертифицирањето, акредитацијата употребува
критериуми и процедури посебно развиени за одредување на техничката
способност. ИСО 9001 сертификатот покажува сообразност со барањата
на стандардот, а акредитацијата покажува специфична техничка способност.
горе
|