СОРАБОТКА
Учеството во меѓународните организации за акредитација (ЕА, ILAC, IAF) е една од нашите позначајни работи. Со учеството на претставници од ИАРМ во органите, стручните тела на ЕА кои по правило се состануваат два пати годишно како и на работните состаноци на ИАРМ му се дава можност за непосредно вклучување во изградбата (усмерувањето) и извршувањето на политиката за акредитација во Европа. Исто така примената на акредитационата пракса, за членките на меѓународните здруженија за акредитација претставува основа за потишување на договорот за взаемно признавање на акредитацијата. Овој договор претставува една од главните цели на секоја организација за акредитација и истовремено претставува важен фактор за намалување на пречките во трговијата
Главна задача на стручните тела на ЕА е хармонизација на постапките за акредитација за секое подрачје на акредитирање. Работните состаноци на комитетите овозможуваат и неформална размена на мислења за актуелни прашања во врска со акредитација и со нив поврзани активности, како на пример промоција на акредитацијата.
Преставниците на ИАРМ активно ќе учествуваат во работата на комитетите на ЕА за инспекциски (контролни) тела (IC), сертификациони тела (CC), лаборатории (LC) како и во комитетот за публикации и промоција (PC).
- CC – EA Certification Committee
- LC – EA Laboratory Committee
- IC – EA Inspection Committee
- PC – EA Publication and Promotion Committee
Покрај постојаните комитети во ЕА постојат и “ad hoc” работни групи во кои по правило учествуваат стручни лица за одредени технички области. Тие извршуваат стручни задачи, ги усмеруваат стручните активности на комитетите на ЕА и подготвуваат различни интрепретациски документи и упатства.
горе |