Слика за растојание - Институт за акредитација на Република Македонија
Слика за растојание - Институт за акредитација на Република Македонија
Слика за растојание - ИАРМ слика
Линк - Акредитација во Македонија  
Линк - Соработка
Линк - Акредитирани органи
Линк - Документи
Линк - Меѓулабораториски споредби (ILC, PT)
Линк - Проекти
 
Ќош - Институт за акредитација на Република Македонија    Дома > За Институтот Ќош - Институт за акредитација на Република Македонија

За институтот

Своите функции и овластувања ИАРМ ги врши согласно Законот, Одлуката, Статутот и други акти на ИАРМ, стандарди и прописи од областа на aкредитацијата. ИАРМ е организиран и работи согласно стандардот ISO/IEC 17011:2004. При својата работа ИАРМ користи и други документи на ЕА (European Cooperation for Accreditation), кои подетално ги разгледуваат горе наведените стандарди за одредни подрачја на акредитирање.
Активностите, организациската структура и органите на ИАРМ (Совет, директор, Одбор за акредитација, Одбор за материјално финансиско работење и сл.) се дефинирани во Статутот на ИАРМ.

Мисија

На сите заинтересирани страни да им понуди aкредитација согласно пропишаните правила во закон, пропис или стандард и почитување на принципите на акредитација. Исполнување на мисијата се темели на барањата на соодветните македонски, европски и меѓународни стандарди и упататсва на ЕА (European Cooperation for Accreditation) и меѓународните организации за акредитација ILAC (Intrenational Laboratory Accreditation Cooperation) и IAF (International Accreditation Forum)

Визија

ИАРМ да стане препознатлив член на европските и меѓународните организации и да учествува во развојот на економијата на земјата.
Главната линија на визијата е ИАРМ да создаде услови за пристап до меѓународните шеми за взаемно признавање на:

  • сертификатите од калибрација;
  • извештаите од тестирањето;
  • сертификатите за оцена на сообразност; и
  • сертификатите/извештаиите од инспекцијата.

Корисници

ИАРМ ја врши својата работа за доброто на сите корисници ( заинтересирани страни), непосредни како што се телата за оцена на сообразноста и посредни корисници како потрошувачите, индустријата и државните органи. ИАРМ се залага да на непосредните корисници им обезбеди ефикасна услуга со минимална цена за акредитација, а на посредните корисници им овозможи оцена на сообразност по разумна цена прифатена u1086 од сите купувачи на меѓународниот пазар. Со транспарентно работење, акредитации кои се потпираат на законодавството на ЕУ и обезбедува компетентност и доверба во телата за оцена на сообразноста ИАРМ се залага да стекне доверба кај државните органи и да претставува основа за нотификација на телата за оцена на сообразноста согласно директивите на ЕУ.

Цели

Преку процесот на акредитацијата, телата за оцена на сообразност да обезбедат доверба која придонесува за слободен проток на стока и услуги. Една од целите на денешниот развиен свет е да се постигне да акредитацијата и оцена на сообразноста се изведат само еднаш. За таа цел, телата за акредитација на меѓународно ниво развија така нареечен "peer review" механизам кој овозможува меѓусебно признавање на резултатите од оцена на сообразноста со само една акредитација и само едно оценување на сообразноста.

Со процесот на меѓународно поврзување и развојот на меѓународната трговија се поважно станува да се обезбеди доверба и споредба на резултатите во меѓународни рамки, надвор од државните граници, па затоа сите процедури за акредитација се одвиваат согласно со меѓународно признатите стандарди од серијата ISO 17000 и ЕN 45000, а националните тела за акредитација се поврзуваат со меѓународните организации (EA, ILAC,IAF) што придонесува за поголема усогласеност на системот за акредитација.

Принципи

ИАРМ ги применува принципите на акредитација засновани на соодветни национални, европски и меѓународни стандарди и други документи на европските и меѓународните организации за акредитација. Тие принципи се:

  • транспарентност и достапност;
  • застапување на јавните интереси;
  • доброволен карактер на акредитацијата;
  • обезбедување на независност;
  • непристрасност при водење на постапка за акредитација и при решавање на жалби;
  • хармонизација и еквивалентност на постапките за акредитација со европските и меѓународните;
  • обезбедување на недискриминација;
  • градење на доверба кај клиентите;
  • заштита на податоците;
  • работење и донесување одлуки кои не се засновани на комерцијални интереси.

ИАРМ е организирана така да обезбедува независност на акредитационите активности, овозможува учество на заинтресираните страни во управувањето на ИАРМ водејќи сметка да ничии интерс не преовладува.

Улога

Основната улога на ИАРМ е да акредитира:

  1. лаборатории за тестирање (EN ISO/IEC 17025)
  2. лаборатории за калибрација (EN ISO/IEC 17025)
  3. инспекциски тела (EN ISO/IEC 17020)
  4. сертификациони тела за :
    • сертифицирање на производи (EN 45011);
    • сертифицирање на системи за квалитет (EN 45012);
    • сертифицирање системи за управување со околината (ISO/IEC 66);
    • сертифицирање на лица (ISO 17024);
    • акредитација EMAS (Регулатива 761/2001).

ИАРМ со своето работење :

  • придонесува кон развојот на националната техничка инфраструктура;
  • посредно придонесува кон подобрување на квалитетот на производите и услугите;
  • зголемување на општата безбедност;
  • ја подобрува конкуренцијата; и
  • ја помага глобализацијата на економијата врз основа на чесна конкуренција.

Начин на раководење

ИАРМ се завзема за изградба на транспарентна структура, јавна достапност на документите, признание од страна на корисниците за коректниот однос и навремено информирање. Изведување на акредитацијата се темели на стручност, транспарентност, независност, непристрасност и непрофитност. На тој начин ИАРМ придонесува за напредок на Република Македонија и согласно своите можности учествува во напредок на европската и меѓународната акредитација. Акредитацијата се изведува секогаш на барање на странката. ИАРМ ја спроведува процедурата за акредитација врз основа на договор со кој се дефинираат меѓусебните права и обврски помеѓу ИАРМ и странката. Својата дејност ИАРМ ја извршува на недискриминаторски начин, така да на секоја странка која во процедурата за акредитација ќе покаже дека ги исполнува барања на стандрадот по кој бара акредитација и се издава сертификат за акредитација.

горе