Тркалезна маса на телата за акредитација на Југоисточна Европа

Целта на оваа Тркалезна Маса беше зајакнување на регионалната соработка на акредитационите тела на Југоисточна Европа и идентификација на заедничките интереси и предизвици за дефинирање на можните заеднички активности и развој на план за понатамошно дејствување.

Учесници на овој настан беа представници на акредитационите тела на:
Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, Грција, Турција, представници од Институтите за метрологија на Германија и Бугарија, како и домашни учесници од ИАРМ, Бирото за метрологија и Министерството за Економија на Република Македонија.
Тркалезната Маса, со краток поздравен говор ја отвори Заменик Министерот за Економија, Д-р Методиј Хаџи - Васков.

 

 

 

 

 

PUBLIC ANNOUNCEMENT