Обука за оценувачи

ИАРМ во периодот од 22-26.09.2009 година, ќе организира Обука за оценувачи. Обуката ќе биде изведена во соработка со ГТЗ - Канцеларијата за поддршка на техничката соработка во рамките на развојната техничка соработка меѓу владите на Република Македонија и Сојузна Република Германија.

Целта на обуката ќе биде учесниците да се стекнат со знаења од областа на стандардите за акредитација и самиот процес на оценување и акредитација, со што ќе добијат можност да се вклучат како оценувачи во процесот на
акредитација. Ќе бидат презентирани и објаснети стандардите кои се основа за успешна акредитација на едно тело за оцена на сообразност (лабораторија ISO 17025, инспекциско тело ISO 17020, сертификационо тело за системи ISO 17021), како и запознавање со принципите за управување со квалитет ISO 9001. На секој од учесниците кои редовно ќе присуствуваат на обуката и активно ќе учествуваат во дискусиите, ќе му биде доделен Сертификат за учество. Овој сертификат, како и знаењата стекнати во тек на обуката на учесниците ќе им даде можност да бидат ангажирани како оценувачи, кои ќе бидат вклучени во оценувањата на компетентност на телата за оцена на сообразност (лаборатории за тестирање и калибрација, инспекциски и сертификациони тела), доколку ги исполнат и останатите критериуми дефинирани во регулативите и процедурите на ИАРМ и документите на ЕА (European co-operation for Accreditation).

 
 

ЈАВЕН ПОВИК