Статус на полноправна членка во ЕA

 

Институтот за акредитација на Република Македонија се стекна со статус на полноправна членка во Европската организација за акредитација (European co-operation for Accreditation) на 21 ноември 2007 година.

Лого на EA
ЕА е непрофитна организација базирана на членство од страна на национално прифатените акредитациони тела кои е наоѓаат во географската територија на Европа. ЕА која дејствува како мрежа во која не постои конкуренција ги има следиве цели:
 
  • Да придонесе кон елиминирање на техничките бариери кон трговската размена со постигнување на униформиран пристап на акредитација и услугите за оценување на сообразноста.
  • Да дава техничка поддршка на Европската Комисија и ЕФТА во имплементација на директивите и развој на заедничко препознатливи договори.
  • Да го промовира меѓународното признание на акредитацијата и акредитиационите услуги со одржување на стабилни и сигурни мултилатерални договори.
Заинтересирани или вклучени страни во работата на ЕА се:
  • тела за оценување на сообразноста (лаборатории, сертификациони и инспекциски тела);
  • Европската Комисија;
  • ЕФТА;
  • регулатори;
  • индустријата;
  • потрошувачите.
Нивните интереси се застапени преку членство во ЕА Советодавниот Одбор и ЕА Комитетите.
За разлика од ИСО 9001 сертифицирањето, акредитацијата употребува критериуми и процедури посебно развиени за одредување на техничката способност. ИСО 9001 сертификатот покажува сообразност со барањата на стандардот, а акредитацијата покажува специфична техничка способност.

 

 

Линкови

АТSАкредитационо тела на Србија

(www.ats.rs)


АТCGАкредитационо  тело на Црна Гора

( www.atcg.co.me)


HAA – Хрватска Агенција за Акредитација

(www.akreditacija.hr)


DA –Акредитационо тело на Република Албанија

(www.albanianaccreditation.gov.al)


DAK-Акредитационо тело на Косово

(www.mti-ks.org)


TURKAK- Акредитационо тело на  Република Турција

(www.turkak.org.tr)


BAS Акредитационо тело на  Република Бугарија

(www.nab-bas.bg)