Обука за оценувачите и експертите на ИАРМ

 

Во организација на Институтот за акредитација на Република Макeдонија (ИАРМ), на 4ти април 2018 година, во Скопје, се одржа Обука за оценувачите и експертите на ИАРМ.

 

На обуката беа поканети сите активни оценувачи и експерти на ИАРМ, коишто се одзваа во многу голем број.

 

Предавачи на обуката беа оценувачи на ИАРМ, вработени во ИАРМ, како и еден водечки/технички оценувач за лаборатории за калибрација вработен во Бирото за метрологија на РМ.

 

На обуката беа презентирани новите и изменетите документи на ИАРМ (процедури и обрасци) кои се дел од преземените корективни мерки во однос на наодите од последната peer евалуација на ИАРМ, реализирана од 13ти до 17ти ноември, 2017 година.

 

Посебен акцент беше ставен на примената на документите во пракса, при оценувањето на телата за оцена на сообразност.

 

Сите учесници беа исклучително активни и обуката беше проследена со интерактивна дискусија.

 

 

 

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК