Обука за EN ISO/IEC 17021-1:2015 и релевантните упатства од Меѓународниот форум за акредитација (ИАФ)

 
Во организација на Институтот за акредитација на Република Макeдонија (ИАРМ), во периодот од 26 до 28 февруари 2018 г. во Скопје се одржа Обука за стандардот ISO/IEC 17021-1:2015 за сертификациски тела за системи за управување и задолжителните документи на Меѓународниот форум за акредитација (ИАФ)
 
Предавачи на работилницата беа претставници на националното тело за акредитација на Р.Хрватска (ХАА), а учесници беа водечки и технички оценувачи од Листата на оценувачи на ИАРМ вклучени во акредитациските постапки на телата за сертификација како и претставници од телата за сертификација на системи за управување. На делот од обуката посветен на оценувањето на ризиците по непристрасноста и независноста учествуваа и оценувачи на ИАРМ за инспекциските тела.
 
На обуката беа детално обработени поединечните барања од Стандардот ISO/IEC 17021-1:2015, стандардите ISO/IEC 17021-2:2016 и ISO/IEC 17021-3:2017, како и задолжителните документи на Меѓународниот форум за акредитација (ИАФ), проследено со интерактивна дискусија со цел размена на информации и искуства, подигнување на компетентноста на оценувачите како и хармонизација на практичната примена на стандардот и задолжителните документи поврзани со оваа област.
 
Посебен акцент беше ставен на критериумите за компетентност на оценувачите за сертификациски тела за системи за управување, како и барањата за компетентност на аудиторите на сертификациските тела; планирање и реализација на оценување во канцеларија и сведочење при аудит на сертификациските тела.
 
На крајот на обуката на учесниците им беа доделени сертификати за учество на истата.

 

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК