Информации за имплементација на новата верзија на стандардот EN ISO/IEC 17025:2017 – „Општи барања за компетентност на лабораториите за тестирање и лабораториите за калибрирање“

На 30 ноември 2017 година ISO го објави третото издание на стандардот ISO/IEC 17025:2017 – „Општи барања за компетентност на лабораториите за тестирање и лабораториите за калибрирање“, настанат како резултат на тригодишна работа на работната група ISO CASCO Working Group 44.
 
Резолуцијата (ILAC Resolution GA 20.15) од 2016 година пропишува дека преодниот период за примена на новата верзија на стандардот е три години од датумот на објавување. Во дефинираниот транзиционен период валидни се двете верзии на стандардот ( ISO/IEC 17025:2017 и ISO/IEC 17025:2005). Истото е достапно и во заедничкото соопштение на ISO и ILAC кое може да го најдете на следниов линк.
 
Преодниот период завршува на 30 ноември 2020 год.
 
ИАРМ, согласно “Процедурата за промена на барањата за акредитација“ - ПР 04-01, подготви акционен план за имплементација на промените на барањата за акредитација, согласно новиот стандард.
 
Согласно планот, ИАРМ ќе отпочне со оценување по новиот стандард EN ISO 17025:2017, на барање на клиент од 1-ви ноември 2018 година, а од 1-ви јуни 2019 година сите оценувања ќе се вршат согласно новиот стандард.
 

ЈАВЕН ПОВИК