Одбележан ,,Светскиот ден на акредитацијата”

Одбележан "Светскиот ден на акредитацијата”
Под мотото ,,Акредитација: Обезбедување на доверба во градежништвото и изградената животна средина“, со пригодна свеченост на 09 јуни 2017 година, Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) го одбележа Светскиот ден на аредитацијата.
На настанот присуствуваа бројни гости – претставници на Владата на Репбулика Македонија, Министерството за економија, градежниот сектор, јавниот сектор, научно-образовни институции, здравствени установи, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност и новинари.
Во контекст на годинашното мото, настанот беше поздравен од:
- г-дин Крешник Бектеши, министер за економија во Владата на Република Македонија,
- г-дин Миле Димитровски, Претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија,
- г-ѓа Анита Грозданов, заменик-претседател на Советот на ИАРМ и
- г-дин Трпе Ристоски, директор на ИАРМ.
Во рамки на свеченоста беа промовирани “Годишниот извештај за работа на ИАРМ за 2016 година“ и брошура на тематика на годинешното мото.
Традиционално на свеченоста беа врачени и сертификатите на акредитираните и реакредитираните тела за оцена на сообразност во периодот јуни 2016 – мај 2017 година.

 

Со почит од ИАРМ