Одржан состанок за хармонизација на оценувачите и експертите на ИАРМ

 
Согласно Годишниот план за обуки на ИАРМ за 2016/2017 година на 30.05.2017. во Скопје , во амфитеатарот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) организираше состанок на оценувачите и експертите.
 
Поканети беа сите надворешни оценувачи, водечки и технички, и експерти од Македонија, коишто се активно вклучени во оценувањата на ИАРМ.
 

 

Целта на состанокот беше хармонизација на работата на оценувачите и екпсертите во тек на оценувањето, во постапките за акредитација на ТОС.
 
Вработените во ИАРМ, водечки оценувачи за различни акредитациони шеми, ги презентираа и дискутираа за процедурите за оценување на ИАРМ, предоценувачките и постоценивачките активности.
 
Активно учество во дискусијата земаа и оценувачите и експертите присутни на состанокот.