Обука за оценувачи по стандардот MKC EN ISO/IEC 17020:2012

 
Согласно Годишниот план за обуки на ИАРМ 2016/2017 година на 03 и 04 април 2017 г. во Скопје х. Опера Хаус се одржа “Обука за оценувачи по стандардот МКС EN ISO/IEC 17020:2012“.
 
Примарна цел на обуката беше оспособување на лицата кои се пријавиле како експерти во ИАРМ за оценувачи по стандардот за акредитација на инспекциски тела МКС EN ISO/IEC 17020:2012, неговата практична примена и запознавање на учесниците со правилниците, процедурите и обрасците на ИАРМ.
 

 

На крајот на обуката на учесниците им беа доделени соодветни Сертификати.