Обука за оценувачи по стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006

 
Согласно Годишниот план за обуки на ИАРМ 2016/2017 година на 23 и 24 март 2017 г. во Скопје х. Опера Хаус се одржа “Обука за оценувачи по стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006“.
 
Примарна цел на обуката беше оспособување на лицата кои се пријавиле како експерти во ИАРМ за оценувачи по стандардот за акредитација на лаборатории за тестирање и калибрација МКС EN ISO/IEC 17025:2006, неговата практична примена и запознавање на учесниците со правилниците, процедурите и обрасците на ИАРМ.
 
На крајот на обуката на учесниците им беа доделени соодветни Сертификати.