Обука за вработените во ИАРМ на тема: ,,Имплементација на стандардот MKC EN ISO/IEC 17011 во ИАРМ”

Согласно Годишниот план за обуки на ИАРМ 2016/2017 година во периодот од 07 до 09 февруари 2017 г. во Крушево се одржа редовна обука за вработените на тема:"Имплементација на стандардот MKC EN ISO/IEC 17011 во ИАРМ."
 
Обуката беше организирана како редовен тим-билдинг за јакнење на капацитeтите на вработените во ИАРМ, со осврт на суштински теми и прашања по однос на досегашното работење на ИАРМ и натамошните работни и развојни правци преку интерактивна дискусија од страна на предавачите и учесниците - вработени во ИАРМ.
 
Примарна цел на обуката беше надградување на капацитетите на вработените согласно барањата на Стандардот MKC EN ISO/IEC 17011, неговата практична примена во корелација со процедурите за работа на ИАРМ при спроведување на постапките за акредитација, евентуалната потреба од нивно надополнување или изменување, како и размена на стекнатите искуства и мислења, што беше реализирано преку соодветни презентации и дискусии.
 
Во рамки на барањата на Стандардот MKC EN ISO/IEC 17011 како посебна тема беше обработено отпочнувањето на подготовките за претстојната втора надзорна оцена по потпишување на ЕА МЛА -Договорот и планираното проширување на опсегот за менаџмент системи.
 
Исто така, во рамки на обуката посебен акцент беше ставен и на прашањато за ,,Хармонизација на водечките оценувачи од ИАРМ” со цел постигнување повисок степен на усогласеност при изведување на постапките за акредитација, како и други прашања поврзано со тековното работење.
 
Настанот беше заокружен со сумирање на постигнатите работни и развојни цели на ИАРМ и утврдување на натамошните развојни правци и работни активности.
 
Крајната цел на обуката беше преку реализираната програма да се подигне нивото на компетентност на учесниците, информираност и подготовка за претстојните активности на ИАРМ што се од суштинско значење за одржување и развој на акредитациската дејност како на национален, така и на меѓународен план.
 
На крајот на обуката на учесниците им беа доделени соодветни Сертификати.