Реализиран Проектот на ИАРМ за соработка со јавниот сектор

Во периодот септември-ноември 2016 година во организација на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) се одвиваше реализацијата на Проектот за интензивирање на соработката со институциите од јавниот сектор во Република Македонија.
 
Одржани беа три тркалезни маси и тоа посебно за лаборатории, за сертификациски тела и за инспекциски тела.
 
Првата Тркалезна маса во рамки на Проектот се одржа на 15 септември 2016г., а истата беше наменета за акредитацијата на лабораториите и документи кои се бараат согласно стандардите: MKС EN ISO/IEC 17025 и MKС EN ISO 15189.
 
Втората Тркалезна маса наменета за акредитацијата на сертификациските тела и документи кои се бараат согласно стандардите: MKC EN ISO/IEC 17021, MKC EN ISO/IEC 17065 и MKC EN ISO/IEC 17024 се одржа на 13 октомври 2016.
 
Третата Тркалезна маса наменета за акредитација на инспекциските тела и документи кои се бараат согласно стандардите: MKS EN ISO/IEC 17020:2012, беше одржана на 17 ноември 2016.
 
За учество на состаноците беа поканети преставници од министерствата за: внатрешни работи, труд и социјална политика, финансии, економија, земјоделство, транспорт и врски, здравство, животна средина, информатичко општество и администрација, агенциите за: храна и ветеринарство, електронски комуникации, енергетика, Дирекција за заштита и спасување, Дирекција за радијациона сигурност, Биро за јавни набавки, како јавни здравствени установи.
 
На задоволство на учесниците и предавачите состаноците беа водени со интерактивни дискусии, при што беа обработени најзначајните прашања за аредитацијата од аспект на работата на надлежните субјекти од јавниот сектор.
 
Тргнувајќи од квалитетот на водените дискусии неизбежен е заклучокот дека организацијата на овој вид на активност на ИАРМ го обезбедува достигнувањето на примарната цел за која беше осмислен овој Проект, која од денешна гледна точка може истовремено да се именува и како крајна цел на истиот, а тоа е соодветна имплементација на националната регулатива во врска со барањата за акредитација, како и правилно ползување на придобивките од акредитацијата.
 
Секако дека од тоа произлегува и очекуваниот ефект за обезбедување на непречено функцинирање на врската на релација: стопанство - органи на извршна власт, и подобрување на ефективноста, ефикасноста и рационалноста во работата на јавните служби.
 
На крајот ќе резимираме дека воден од ваквите достигнувања, ИАРМ како единствено национално тело за акредитација, има потстрек за натамошни слични активности на општествено поле од заеднички интерес.
 
Со почит од ИАРМ