Институтот за акредитација на Република Македонија беше домаќин на 36-от состанок на ЕА-МАК

Во периодот 04 до 06 октомври 2016, Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) беше домаќин и воедно учесник на 36-от состанок на Комитетот за мултилатерални договори на Европската организација за акредитација (ЕА-МАК).
Настанот во пленарниот дел беше поздравен од страна на г-дин Дритон Кучи, министер за економија во Владата на Република Македонија.
На состанокот, на кој учество земаа 70 претставници од националните тела за акредитација на земји - полноправни и асоцијативни членки на Европската организација за акредитација (ЕА), преставници на Советодавното тело на ЕА и претставник од Европската комисија, беа донесени работни одлуки од значење за одржувањето и јакнењето на националните системи за акредитација.