Одбележување на Светскиот ден на акредитацијата

Почитувани,
Институтот за акредитација на Република Македонија, како единствено национално тело за акредитација, и годинава го организира чествувањето на Светскиот ден на аредитацијата.
Настанот ќе се одржи на 09 јуни 2016 година под мотот ,,Акредитацијата: Глобална алатка за поддршка на работата на јавниот сектор“.
Во контекст на годинашново мото, поздравно обраќање на настанот ќе има г-ѓа Марта Томовска-Арсовска, министер за информатичко општество и администрација во Владата на Република Македонија.
Како и секоја година и годинава се очекува присуство на бројни гости – претставници на јавиот сектор, научно-образовни институции, здравствени установи, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност и новинари.
Во рамки на свеченоста ќе биде промовиран “Годишниот извештај за работа на ИАРМ за 2015 година“ и официјално ќе бидат врачени сертификатите на акредитираните и реакредитираните тела за оцена на сообразност во периодот јуни 2015 – мај 2016 година.

 

Свеченоста ќе се одржи на ден 09 јуни 2016 година во хотел Континентал, со почеток во 10.00 часот.

 

Со почит од ИАРМ

 

 

ЈАВЕН ПОВИК