Информации за новиот стандард ISO 9001:2015 Системи за менаџмент со квалитет - Барања

Стандардот ISO 9001:2015 Системи за менаџмент со квалитет - Барања, е публикуван од Меѓународната организација за стандардизација (ISO) во септември 2015 година и усвоен од Инстутутот за стандардизација на Република Македонија, како МКС EN ISO 9001:2015 на 30.10.2015.
Согласно Резолуцијата на Генералното Собрание на IAF (Меѓународниот акредитационен форум) транзициониот период на стандардот е 3 (три) години.
Меѓународниот форум за акредитација (IAF) објави Упатство за транзиција кон новиот стандард IAF информативен документ ID 9.
Упатството за транзиција (Transition Planning Guidance for ISO 9001:2015) дава насоки за транзиција за сите заинтересирани страни (организации кои го применуваат стандардот / клиенти на сертификациони тела, сертификациони тела и акредитациони тела).
Упатството е достапно на следниов линк: http://www.iaf.nu/upFiles/IAFID9Transition9001PublicationVersion.pdf
Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) ќе ја оцени транзицијата кон новиот стандард МКС EN ISO 9001:2015 на сите акредитирани сертификациони тела на системи за менаџмент со квалитет, како дел од редовниот годишен надзор.
Акредитираните сертификациони тела на системи за менаџмент со квалитет можат да побараат од ИАРМ да бидат оценети за транзицијата кон новиот стандард и порано од предвидениот термин за надзор, со доставување на Пријава за акредитација.
Неакредитираните сертификациони тела за системи за менаџмент со квалитет кои се заинтересирани за акредитација можат да поднесат Пријава за акредитација, и за сертификација на системи за менаџмент со квалитет според МКС EN ISO 9001:2009 и според МКС EN ISO 9001:2015.
Имајќи го предвид транзициониот период од 3 години, оценувањето за акредитација на сертификациони тела за системи за менаџмент со квалитет според МКС EN ISO 9001:2009, ИАРМ ќе го спроведува до септември 2017година.
 

ЈАВЕН ПОВИК