Предности на акредитацијата

Предност на акредитацијата е пред се доверба во резултатите од тестирањето, калибрацијата, сертификацијата и инспекцијата, како и достап до меѓународни шеми за взаемно признавање на сертификатите од калибрацијата, извештаите од тестирањата и инспекциите, како и сертификатите за сообразност, односно оспособеност. Меѓународното признавање на резултатите од тестирање, калибрација, сертификација и инспекција го намалува непотребното повторување на постапките и ги олеснува условите за едноставен проток на стоки, услуги и лица. Во регулираната област, акредитацијата преставува алатка која државните органи ја користат за овластување на телата за оцена на сообразност, кои работат според прописи.