Обука за примена на Техничката спецификација 15675

 

Во организација на ПТБ и Институтот за акредитација на Република Макeдонија (ИАРМ), на 16 и 17 ноември 2015 г. во Скопје се одржа Обука за техничката спецификација 15675 за мерење на отпадни гасови.

 

Предавачи на обуката беа експерти од телото за акредитација на Грција, а учесници беа водечки и технички оценувачи од националните тела за акредитација на Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, како и претставници од телата за оцена на сообразност.

 

На Обуката беа детално обработени поединечните барања од техничката спецификација коишто акредитираните лаборатории за тестирање на отпадни гасови треба да ги исполнуваат.

 

Целта на обукатата беше јакнење на компетентноста на телата за оцена на сообразност, оценувачите, информираност и координација за практична примена на барањата од спецификацијата.

 

Обуката беше планирана согласно Годишниот план за обуки на Институтот за акредитација на Република Макeдонија (ИАРМ) за 2015 година, а на учесниците им беа доделени сертификати за учество на истата.

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК