Работилница за примена на стандардот ISO/IEC 17021-1:2015

 

Во организација на TAIEX и Институтот за акредитација на Република Макeдонија (ИАРМ), на 23 и 24 ноември 2015 г. во Скопје се одржа Работилница за примена на новиот стандард ISO/IEC 17021-1:2015 за сертификациски тела за системи за управување.

 

Предавачи на работилницата беа експерти од телата за акредитација на Грција и Италија, а учесници беа претставници од телата за оцена на сообразност, како и водечки и технички оценувачи од Листата на оценувачи на ИАРМ вклучени во акредитациските постапки на телата за сертификација и други заинтересирани страни.

 

На Работилницата беа детално обработени поединечните барања од Стандардот, со особен акцент на новитетите и дефинициите што се содржани во него, во споредба со претходните барања на стандардот, неговата практична примена, задолжителните документи на Меѓународниот форум за акредитација (ИАФ), проследено со интерактивна дискусија.

 

Исто така, на Работилницата беа обработени и барањата на новото издание на стандардот ISO 9001:2015.

 

Целта на Работилницата беше подигнување на нивото на компетентност на телата за оцена на сообразност, оценувачите, навремена информираност и координација за практична примена на новините во праксата, согласно барањата на стандардите.

 

Работилницата беше планирана согласно Годишниот план за обуки на Институтот за акредитација на Република Макeдонија (ИАРМ) за 2015 година, а на учесниците им беа доделени сертификати за учество на истата.

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК