Што е акредитација?


Акредитација е формално признавање на оспособеноста за извршување на одредени активности. Во постапка за акредитација може да се вклучат сите лаборатории кои изведуваат тестирање или калибрација, тела за сертификација на производи, системи и персонал и инспекциските тела. Тие може да бидат самостојни или во состав на поголеми системи. Основа за работа во подрачјето на акредитирање, тестирање, сертифицирање и контрола се стандардите од серијата ЕN 45000 и ISO 17000. ИАРМ е организирана и работи во согласност со стандардот МКС EN ISO/IEC 17011. При својата работа, ИАРМ користи и други документи на ЕА кои подетално ги разгледуваат горе наведените стандарди за одредени подрачја на акредитација.

Одлуката за акредитација е доброволна. Акредитацијата, на недискрими-наторски начин е достапна до секој клиент кој ќе достави пријава за акредитација до ИАРМ. За изведување на тестирање, калибрација, сертификација и инспекција во регулираната област, акредитацијата е пропишана со закон или подзаконски акт и е основа за добивање на овластување од страна на соодветно министерство.