Работилница во рамките на Проектот "Системите за управување со квалитет во индустриските претпријатија во Република Македонија"

Почитувани,
 
Ни претставува особено задоволство да Ве информираме дека со цел поуспешна имплементација на системите за управување со квалитет во стопанските субјекти, Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) со поддршка на Владата на Република Македонија го спроведува проектот "Системите за управување со квалитет во индустриските претпријатија во Република Македонија".
 
Целта на овој проект е да се согледаат состојбите и проблемите кои се јавуваат во имплементираните системи за управување со квалитет, да се откријат причините за проблемите и да се предложат препораки за надминување на истите, да се применат предложените препораки во практика и да се согледаат резултатите од нивната примена.
  
Во рамките на Проектот, спроведено е анкетирање на стопански субјекти од различни индустриски области во РМ. Одговорите добиени во врска со анкетниот прашалник послужија како основа на истражувањето.
  
Оттука, на 26-ти октомври 2015 година (понеделник) во просториите на ИАРМ ќе се организира Работилница на која ќе се интерпретираат сознанијата за проблемите кои се откриени со истражувањето.
  
Заинтересираните учесници своето учество можат да го пријават најдоцна до 22.10.2015 на следнава е-мејл адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

 

ЈАВЕН ПОВИК