ИАРМ потписник на EA-MLA и ILAC-MRA Договорите за меѓусебно признавање на резултатите од Медицински лаборатории

Во периодот од 10-14 Март и 1-3 Јули 2014 година ЕА МЛА тимот ја спроведе првата редовна евалуација на постапките за акредитација на ИАРМ за веќе потпишаните области тестирање, калибрација, сертификација на производи и инспекција. На претходно барање на ИАРМ за проширување на опсегот на EA MLA Договорот за меѓусебно признавање на резултатите од акредитираните активности, во рамки на оваа посета беше спроведена и евалуација на областа акредитација на медицински лаборатории согласно барањата на стандардот ISO 15189. Покрај водечкиот оценувач во тимот за оцена беа вклучени оценувачи за сите пет различни области кои беа предмет на евалуацијата.
Преку преглед на документација во просториите на ИАРМ и сведочење на оценувачите на ИАРМ на конкретни локации, EA MLA тимот доби сознанија за целокупната активност на ИАРМ во спроведување на акредитациските активности. Посетата заврши со позитивна препорака на EA MLA тимот за одржување на потшишаниот договор за областите:
- Лаборатории за тестирање,
- Лаборатории за калибрација,
- Сертификација на производи,
- Инспекциски тела, и
- проширување на договорот за областа Медицински лаборатории.

 

Како резултат на тоа ИАРМ официјално ги потпиша EA MLA и ILAC MRA Договорите за меѓусебно признавање на резултатите од медицинските лаборатории во рамки на 35-то Генерално Собрание на Европската организација за акредитација, кое се одржа во Атина, Грција на 27-28 Мај 2015 година.

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК