Годишен состанок на ILAC и IAF

Директорот на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) д-р Трпе Ристоски, учествуваше на Генералното собрание на Светската организација за акредитација (International Laboratory Accreditation Cooperation - ILAC) и Меѓународниот форум за акредитација (International Accreditation Forum - IAF), кој годинава се одржа во периодот од 08 до 17 октомври, во Ванкувер, Канада.
 
Учеството на овој состанок е од особено значење за ИАРМ, како полноправен член на ILAC и потписник на ILAC-MRA Договорот, со примарна цел одржување и проширување на опсегот на акредитација во нови области, со акцент на медицинските лаборатории, подобрување на постапките за акредитација и изведување на поголем број акредитациски активности, запознавање со новините во правилата за акредитација во сите области, резимирање на документите и одлуките донесени од членовите на ILAC во текот на годината, стекнување нови информациии и искуства од пракса преку размена на искуства со останатите учесници на состанокот, како особено важни елементи за одржување и надградување на системот за управување со квалитет.
 
Крајниот ефект е зголемување на бројот на акредитирани тела за оцена на сообразност, јакнење на сопствените капацитети и активности во развој на нови шеми за акредитација.

 

 

ЈАВЕН ПОВИК