Работилница за примена на стандардот MKC EN ISO/IEC 17065:2012

Согласно Годишниот план за обуки на Институтот за акредитација на Република Макeдонија (ИАРМ) за 2014 година, започнувајќи од 07 октомври 2014 г. во ИАРМ се одржа дводневна работилница за примена на новиот стандард MKC EN ISO/IEC 17065:2012 во постапките за акредитација на сертификациските тела за производи, процеси и услуги.
 
Имено, по истекот на периодот за запознавање со новините во стандардот и подготовка и прилагодување кон истиот, сметано од 01 јули 2014 година, ИАРМ постапките за акредитација на сертификациските тела за производи, процеси и услуги ги изведува исклучиво по овој стандард.
 
Предавачи на работилницата беа водечки оценувачи од редот на вработените од ИАРМ, како и технички оценувачи, вклучени во акредитациските постапки, а учесници беа водечки и технички оценувачи од Листата на оценувачи на ИАРМ.
  
На работилницата беа детално обработени поединечните барања од Стандардот, со особен акцент на новитетите и дефинициите што се содржани во него, неговата практична примена, корелација со процедурите за работа на ИАРМ, како и размена на искуства и мислења.
Целта на Работилницата беше подигнување на нивото на компетентност на оценувачите, навремена информираност и координација за практична примена на новините во праксата, согласно барањата на стандардот.
 

ЈАВЕН ПОВИК