Работилница за примена на стандардот MKC EN ISO/IEC 17020:2012

 

Согласно Годишниот план за обуки на Институтот за акредитација на Република Макдонија (ИАРМ) за 2014 година, на 03.03.2014 г. во ИАРМ се одржа работилница за запознавање и примена на новиот стандард MKC EN ISO/IEC 17020:2012 во инспекциските тела.

 

Предавачи на работилницата беа од редот на вработените од ИАРМ, кои се водечки оценувачи во акредитациските постапки, а учесници беа водечки и технички оценувачи од Листата на оценувачи на ИАРМ.

 

Целта на работилницата беше учесниците да се запознаат со барањата како новитет во Стандардот, неговата практична примена, корелација со процедурите за работа на ИАРМ, како и размена на искуства и мислења преку споредбена анализа на барањата од претходниот и барањата во новиот стандард.

 

Крајна цел на Работилницата беше подигнување на нивото на компетентност на оценувачите, навремена информираност и координација за практична примена на новините во праксата согласно барањата на стандардот.

 

 

ЈАВЕН ПОВИК