Обука за стандардот MKC EN ISO/IEC 17011

 

Согласно Годишниот план за обуки на Институтот за акредитација на Република Макдонија (ИАРМ) за 2014 година и барањата на стандардот MKC EN ISO/IEC 17011, на 28.02.2014 г. ИАРМ одржа редовна интерна обука за вработените на тема ,,Имплементација на стандардот MKC EN ISO/IEC 17011 во системот за управување со квалитет на ИАРМ”.

 

Предавачи на обуката беа: д-р Трпе Ристоски, директор на ИАРМ и Драган Велевски, Mенаџер за квалитет.

 

Целта на обуката беше преку ретроспективна анализа на досегашната примена на стандардот и неговата корелација со системот за управување со квалитет на ИАРМ, како и преку размена на искуства и мислења, да се утврдат натамошни развојни насоки и приоритети во работата на ИАРМ и координација на вработените како водечки оценувачи во постапките за акредитација.

 

Воедно, обуката беше наменета и за зајакнување на капацитетите на ИАРМ во пресрет на претстојниот прв редовен надзор од ЕА по потпишување на ЕА-МЛА договорот и планираното проширување на опсегот на ИАРМ во рамки на истиот.

 

Крајна цел на обуката беше подигнување на општото ниво на компетентност на вработените во ИАРМ.
 

ЈАВЕН ПОВИК