Тркалезна маса на телата за акредитација од Југоисточна Европа

 

Во организација на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) и Германскиот институт за метрологија (ПТБ), на 19 февруари 2014 во хотелот Бест Вестерн во Скопје се одржа Тркалезна маса на телата за акредитација од југоисточна Европа – Годишна размена на искуства.

 

Настанот се организираше во рамки на проектот ,,Промоција на регионалната соработка за Југоисточна Европа на полето на инфраструктурата за квалитет” и имаше за цел размена на искуства на значајни теми и актуелности од областа на акредитацијата, zaradi јакнење на инфраструктурата за квалитет. Во рамки на пленарните дискуии по одделни прашања се идентификуваа и сумираа заклучоци од заеднички интерес и значење во правец на хармонизација на националните законодавства, чија крајна цел е намалување на техничките бариери во трговската размена.

 

На Тркалезната маса учествуваа претставници на телата за акредитација од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора, чии земји се воедно членки и на ЦЕФТА договорот.