Тркалезна маса на телата за акредитација од Југоисточна Европа - Годишна размена на искуства

 

Во рамки на проектот ,,Промоција на регионалната соработка за Југоисточна Европа на полето на инфраструктурата за квалитет” на 19 февруари 2014 во, х. Бест Вестерн, Скопје ќе се одржи Тркалезна маса на телата за акредитација од југоисточна Европа – Годишна размена на искуства.

 

Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) е домаќин на настанот кој го организира во соработка со Германскиот институт за метрологија (ПТБ), а на кој учество ќе земат претставници на телата за акредитација од Југоисточна Европа – Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора, како и на ПТБ проектот.

 

Согласно целите на проектот – идентификација на заедничките интереси и предизвици за дефинирање на можните заеднички активности и развој на план за понатамошно дејствување, на годинешнава Тркалезна маса учесниците – директори и менаџери за квалитет ќе разменат искуства на значајни теми и актуелности од областа на акредитацијата, чија придобивка е токму јакнење на инфраструктурата за квалитет. Во тој правец се очекува во рамки на планираните дискусии по одделни прашања да се идентификуваат и сумираат заклучоци од заеднички интерес и значење.