Промовиран системот за акредитација во Република Македонија

 
Почитувани,
Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) успешно ја спроведе кампањата за промоција на системот за акредитација во Република Македонија.
Имено, согласно Годишната програма за работа на (ИАРМ) за 2013 година, годинешнава кампања за промоција на системот за акредитација етапно беше реализирана во четири града низ Република Македонија.
Покрај организираниот настан во Скопје на 10 јуни 2013 по повод Светскиот ден на акредитацијата и одбележувањето на 10 годишнината од основање и работа на ИАРМ, промоцијата продолжи уште во три града, и тоа:
- Во Тетово промоцијата беше одржана на 19 јуни 2013 година, во хотел Лирак
- Во Штип на 25 јуни 2013 година, во хотел Изгрев и
- Во Битола на 28 јуни 2013 година, во НУ Центар за култура.
На настанот одржан во Скопје беа промовирани Годишниот извештај за 2012 и брошурата Акредитацијата: Олеснување на светската трговија.
На промоциите во останатите градови од страна на претставници на ИАРМ беа презентирани брошурите: ,,Зошто да станете акредитирана лабораторија” и ,, Зошто да станете акредитирано инспекциско тело”.
Промоциите беа од отворен карактер, а на истите учесниците имаа можност преку непосреден контакт да се стекнат со потребните информации за начинот на изведување на постапките за акредитација. Покрај присуството на заинтересираните лица, настаните беа и медиумски покриени.
Со почит од ИАРМ

 

 

ЈАВЕН ПОВИК