Обука за водечки оценувачи на лаборатории и инспекциски тела

 
Во согласност со Годишниот план за обуки на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) за 2013 година и интерните процедури за обука на ИАРМ, на 07.06.2013 година, ИАРМ организираше обука за водечки оценувачи на лаборатории и инспекциски тела. Обуката се одржа во Тренинг центарот на ИАРМ.
Учесници на обуката беа технички оценувачи и експерти од Листата на оценувачи и експерти на ИАРМ, кои се активно вклучени во акредитациските активности на лабораториите за тестирање и калибрација и инспекциските тела. Предавачи беа водечки оценувачи од редот на вработените во ИАРМ.
Целта на обуката беше запознавање на учесниците со конкретните задачи и улогата на водечкиот оценувач во текот на оценувањето, со цел од редовите на техничките оценувачи да се подготват нови водечки оценувачи со што ќе се овозможи зголемување на пулот на водечки оценувачи на ИАРМ.
 

ЈАВЕН ПОВИК