Почитувани,
Ве известуваме дека на 25.01.2013 год. (петок) во просториите на ИАРМ, со почеток во 12:00 часот, се одржа втор состанок на работната група за лифтови, дигалки и транспортери при Тенички комитет за инспекциски тела на Институтот за Акредитација на Република Македонија.
На состанокот се дискутираше по утврдени точки на дневниот ред:
- Постапување според одлуката донесена по дискусијата за точка 1 од дневниот ред на првиот состанок одржан на 21.01.2013 год.
- Постапување според одлуката донесена по дискусијата за точка 2 од дневниот ред на првиот состанок одржан на 21.01.2013 год.
- Увид на Државниот инспекторат за техничка инспекција во негативните извештаи издадени од инспекциските тела.
Со почит од ИАРМ