Обука за стандардот MKC EN ISO/IEC 17020:2012

 
Согласно Годишниот план за обуки на Институтот за акредитација на Република Макдонија (ИАРМ) за 2013 година, на 22.02.2013 г. ИАРМ одржа обука за запознавање и примена на измените во стандардот MKC EN ISO/IEC 17020:2012 во инспекциските тела.
Предавачот на обуката и учесниците на истата беа од редот на вработените од ИАРМ, кои се водечки оценувачи во акредитациските постапки.
Целта на обуката беше учесниците да се запознаат со измените и дополнувањата на Стандардот, неговата практична примена, корелација со процедурите за работа на ИАРМ, како и размена на искуства и мислења преку споредбена анализа на претходните и воведените измени во барањата на стандардот.
Крајна цел на обуката беше подигнување на нивото на компетентност на учесниците, навремена информираност и подготовка за отпочнување со примена на новините во праксата, согласно барањата на стандардот.

На крајот на обуките на учесниците им беа доделени соодветни Сертификати.

 

ПРОГРАМА

 

ЈАВЕН ПОВИК