Одржана обука за стандардот MKC EN ISO/IEC 17011

 

Од 07 до 09 ноември 2012 г. во Охрид, Институтот за акредитација на Република Македонија организираше интерна обука за вработените во ИАРМ за стандардот MKC EN ISO/IEC 17011.

Предавачи на обуката беа вработени од ИАРМ, а целта на обуката беше надградување на капацитетите на вработените согласно барањата на Стандардот, неговата практична примена во корелација со процедурите за работа на ИАРМ при спроведување на постапките за акредитација, евентуалната потреба од нивно надополнување или изменување, како и размена на стекнатите искуства и мислења, што беше реализирано преку соодветни презентации и дискусии.
 
Во рамки на барањата на Стандардот како посебна тема беше опфатена подготовката на вработените во ИАРМ за претстојниот прв редовен надзор (октомври 2013г.) по потпишувањето на ЕА-МЛА. Во таа насока, беа повторно разгледани забелешките, преземените корективни мерки и коментарите на тимот кој ја реализираше иницијалната оцена за потпишување на ЕА-МЛА.
 
Исто така, во рамки на обуката беше даден посебен осврт на финалниот Извештај од реализацијата на ИПА-Националниот проект 2008г., со посебен акцент на дадените препораки, коментари и сугестии во него од страна на експертскиот тим.
 
Обуката беше заокружена со презентација на Извештајот за реализираната редовна интерна проверка на вработените во ИАРМ, и во рамки на дискусијата по него во врска со дадените забелешки и несообразности беа утврдени насоки и препораки за нивно отстранување.
Крајната цел на обуката беше преку реализираната програма да се подигне нивото на компетентност на учесниците, информираност и подготовка за претстојните активности на ИАРМ што се од суштинско значење за одржување и развој на акредитациската дејност како на национален, така и на меѓународен план.
 
На крајот на обуката на учесниците им беа доделени соодветни Сертификати.

 

 

ЈАВЕН ПОВИК