Обуки организирани од МАКЛАБ

 
Во рамки на воспоставената соработка, Здружението на Македонски лаборатории МАКЛАБ во соработка со Институтот за акредитација на Република Македонија организираше  обуки на следниве теми:
 
„Примена на стандардот MKC EN ISO/IEC 17020:2006 и запознавање со измените во стандардот MKC EN и ISO/IEC 17020:2012“во инспекциските тела, 30-31.10.2012год. и
,,Примена на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006 во лабораториите за тестирање и калибрација, 04-05.07.2012година.
Предавачи на обуките беа вработени од ИАРМ, а истите беа наменети за: вработени во акредитирани тела (инспекциски тела, лаборатории за тестирање и калибрација), како и за вработени во институции кои се во постапка за акредитација.
Целта на обуките беше учесниците да се запознаат со практична примена на стандардите во корелација со процедурите за работа на ИАРМ, измените и дополнувањата на поедини Стандарди, како и размена на искуства и мислења, со крајна цел подигнување на нивото на компетентност на учесниците, информираност и подготовка за отпочнување со примена на новини во праксата согласно барањата на стандардите.
На крајот на обуките на учесниците им беа доделени соодветни Сертификати.

Реализираните обуки се составен дел од планираните активности на МАКЛАБ, по кои следат нови наменски обуки во претстојниот период.

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК