Потпишан Договорот ILAC-MRA

 
Во рамките на Годишното собрание на Меѓународната организација за акредитација на лаборатории (ILAC) и Меѓународниот акредитациски форум (IAF), кое се одржа во Рио де Жанеиро од 16-26 Октомври 2012 година, ИАРМ официјално го потпиша Договорот за мултилатерално признавање на акредитациите за областите тестирање, калибрација и инспекција (ILAC-MRA) со Меѓународната организација за акредитација на лаборатории (ILAC), што претставува уште еден успех на ИАРМ на меѓународен план.
Потпишувањето на овој договор, кој всушност е надградба на веќе потпишаниот Договор за взaемно признавање на акредитациите со Европската организација за акредитација (EA-MLA), значи дека издадените документи од македонските акредитирани тела за оцена на сообразност согласно меѓународните стандарди ISO/IEC 17025 за лаборатории за тестирање и калибрација и ISO/IEC 17020 за инспекциски тела, меѓународно се признаваат.
Новина во овој Договор е што првичниот опсег е надополнет со признавањето и на документите издадени од акредитираните инспекциски тела. Тоа е значајна придобивка за домашното стопанство, а пред се за македонските извозно ориентирани компании чии производи и услуги, придружени со докази за квалитет обезбедени од домашните акредитирани тела, имаат обезбедено целосно отворена врата за излез на светските пазари и лојална конкурентност.

Воедно, потпишувањето на овие Договори е непобитен доказ за успешното вршење на акредитациската дејност на ИАРМ, што е дополнителен мотив за продлабочување на интересот кај домашните компании за акредитацијата што ја спроведува ИАРМ, како меѓународно призната алатка задокажување на високиот степен на квалитет и сигурност на нивните производи. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК