Одбележан Светскиот ден на акредитацијата

 
 Под мотото ,,Поддршка за безбедна храна и чиста вода за пиење”, на 13 јуни 2012 година во хотелот Александар Палас, Институтот за акредитација на Република Македонија го одбележи Светскиот ден на акредитацијата.
 
На настанот присуствуваа бројни гости – претставници на Владата на Република Македонија, Министерството за економија, делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, претседавачот на Комитетот за мултилатерални договори на Европската организација за акредитација (ЕА-МАC), претставници на Акредитациското тело на Србија, соработници и претставници на телата за оцена на сообразност и новинари.
 
Поздравни обраќања имаа:
- г-дин Лукас Мелка, претставник на делегацијата на ЕУ во РМ,
- г-дин Анче Трифунов, државен секретар во Министерството за економија,
- г-дин Томас Факлам, претседавач на ЕА –МАC,
- г-ѓа Ирена Васаитиене, тим лидер на ИПА 2008 Проектот,
- г-ѓа Магдалена Трајковска - Tрпевска, претстедател на македонското здружение на лаборатории МАК ЛАБ и
- г-дин Трпе Ристоски, директор на ИАРМ.
 
Во рамките на овој настан, претседателот на Комитетот за мултилатерални договори на Европската организација за акредитација г-дин Томас Факлам, на директорот на ИАРМ д-р Трпе Ристоски официјално му го врачи потпишаниот Договор за взаемно признавање на сертификатите за акредитација со ЕА. Овој чин беше дел од официјалното промовирање на потпишувањето на Договорот, а воедно беше промовирано и потпишувањето на Договорот за мултилатерално признавање на акредитациите за областите тестирање и калибрација со светската организација за акредитација - Меѓународна организација за акредитација на лаборатории (ILAC-MRA). 
 
Исто така, беше одбележано и затворањето на успешното реализираниот ИПА 2008 проект ,,Техничка помош за градење на капацитетите на Институтот за акредитација”.
 
Традиционално, на настанот беа свечено доделени сертификатите на акредитираните и реакредитираните тела за оцена на сообразност во периодот јуни 2011 – мај 2012 година.
 
 
 
 
 

ЈАВЕН ПОВИК