ИАРМ стана потписник на ЕА-МЛА

 

     На состанокот на Kомитетот за мултилатерални договори на Европската организација за акредитација (Multilateral Agreement Committee EA-MAC), кој се одржа во Копенхаген на 18-19 април, одобрен е Извештајот за работата на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ). Ова одобрување подразбира потпишување на Договор за меѓусебно признавање на сертификатите за акредитација помеѓу земјите членки на Европската организација за акредитација (ЕА) и Институтот за акредитација на Република Македонијa за областите: лаборатории за тестирање, лаборатории за калибрација, инспекција и сертификација на производи.

     Со потпишувањето на овој договор ќе се овозможи доделените сертификати за акредитација од ИАРМ и документите на македонските тела за оцена на сообразност (сертификационите тела, инспекциските тела и лабораториите) да се признаваат насекаде во Европа и пошироко. Ова ќе им овозможи на македонските компании еднаков третман со европските компании на пазарите во Европа и пошироко. Договорот за признавање на сертификатите за акредитација всушност значи елиминирање на техничките бариери во трговијата при размена на македонските и европските производи.

     Одлуката на Комитетот ќе стапи на сила по формалната верификација од страна на Генералното собрание на Европската организација за акредитација, на состанокот кој ќе се одржи на 23-24 мај во Мадрид.

 

ЈАВЕН ПОВИК