Промоција на системот за акредитација во Република Македонија

 
Институтот за акредитација на Република Македонија во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија организираше кампања за промоција на системот за акредитација во Република Македонија, подигање на свеста за потребата и значењето на акредитацијата, како и безбедноста на производите, со посебен акцент на безбедноста на лифтовите и нивно одржување.  Кампањата започна со одржување на трибина во Штип, продолжи да се организира во Битола, Охрид, Кочани и Тетово.  
На 11. 04. 2012  се одржа завршна трибина во Скопје на која присуствуваа голем број на заинтересирани старни. На трибината свои поздравни обраќања имаа:
  • г-дин Анче Трифунов, Државен секретар во Министерството за економија,
  • м-р Борче Размоски, Претседател на Советот на Институтот за акредитација на Република Македонија,
  • д-р Трпе Ристоски, Директор на Институтот за акредитација на Република Македонија,
  • м-р Маријана Лончар Велкова, Претседател на Организацијата на потрошувачи на Македонија,
  • г-ѓа Јадранка Аризанковска, Претставник на Стопанската комора на Македонија
За целта на кампањата беа промовирани две брошури од информативен карактер на тема: "Акредитацијата – промотор на квалитетот" и "Лифтови, нивно одржување и периодични прегледи – основни информации за правни и физички лица", како и "Инфотеката" која претставува збир на информации за целокупната постапка на акредитација и бенефитите од неа. Трибината беше медиумски покрина од страна на единаесет медиуми.

Со овие активности, кампањата за промоција на системот за акредитација во Република Македонија не застанува. Поради исклучителното значење на акредитацијата за стопанството и државата во целина, истата ќе продолжи и понатаму и ќе биде се посилна.

 

 
 
 
 
 

ЈАВЕН ПОВИК