Годишен состанок на Телата за акредитација од Регионот

 
 Врз основа на Договорот за билатерална соработка на националните тела за акредитација на земјите од Регионот (Република Македонија, Република Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора), на 23 февруари 2012 година во Белград се одржа Годишен работен состанок.
На состанокот беше дефинирана Програмата за работа за 2012 година, во рамките на која ќе се одвива соработката на четирите акредитациски  тела. Притоа беа договорени следниве активности: размена на информации во врска со активностите и документите во областа на акредитацијата, следење на процесите за потпишување на ЕА-МЛА, состојбата со техничките прописи, соработка на полето на развој на нови шеми за акредитација и меѓулабораториски споредби, правните и економските аспекти на  акредитациското работење.
Воедно, беше договорено заедничко организирање на семинари и конференции, како и меѓусебна обука на кадри и тековно ангажирање на оценувачи и експерти.
Реализацијата на договорените активности е со цел да се зајакнат капацитетите на Националните акредитациони тела и нивно хармонизирање со барањата на Европската организација за акредитација.

 

    

 

 

ЈАВЕН ПОВИК