Обука за водечки оценувачи

 

На 21 декември 2011 година, ИАРМ организираше еднодневна обука за водечки оценувачи на следниве теми: Улогата на водечките оценувачи во оценувањата и оценка на употребата на знакот за акредитација или повикувањето на акредитацијата во согласност со промената на документот на ИАРМ за употреба на знакот за акредитација. Обуката беше заокружена со дискусија во врска со забелешките од сведочењата при иницијалната оцена на Европската организација за акредитација, заради потпишување на Договор за взаемно признавање на акредитациите (ЕА-МЛА), кои се однесуваа на улогата на водечките оценувачи во оценувањата.
Предавач на обуката беше Наташа Несторовска-Спасовска – раководител на одделение за акредитација на сертификациски тела во ИАРМ и претседател на Комитетот за оцена на лица.

Обуката се организираше со цел водечките оценувачи да се запознаат со измените на процедурите за работа на ИАРМ кои се во врска со изведувањето на оценувањето и воедно да се разменат искуства и мислења по дадените констатации на тимот за оцена за потпишување на ЕА-МЛА при сведочењата за време на оцената. Kрајна цел беше подигнување на нивото на стручност на водечките оценувачи при оценувањата.

 

 

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК