Активности на ИАРМ во рамките на регионалниот проект IPA - 2008

 

УЧЕСТВО НА ИНСТИТУТ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПРОЕКТОТ
IPA 2008 Regional Quality Infrastructure in the Western Balkans and Turkey

Институт за акредитација на Република Македонија активно учествуваше во обуките на овој проект. Вработените од Институтот за акредитација на Република Македонија се здобија со знаење со посебните барања за акредитација на лаборатории за калибрација согласно стандардот ISO/IEC 17025:2005.

Институтот за акредитација на Република Македонија и телата за оцена на сообразност од одредени области, учествуваа во организирањето на шемите на тестирања на оспособеноста од областа на човековата околина, прехранбени производи, градежништво и калибрација на инструменти за мерење на температура. Како резултат на ова, една лабораторија, која беше претставник од Република Македонија,  организираше шема на тестирања на оспособеноста со 10 лаборатории за тестирање на вода.  

За време на обуката HOT 8 учесниците се здобија со знаење за стандардот ISO/IEC 17043:2010 и специфичните и општи барања за компетентноста за организаторите на шемите на тестирања на оспособеноста и за развој и организирање на шемите на тестирања на оспособеноста.  

Во рамките на IPA 2008 се организира и работилница за хармонизација на барањата за оценувачи на телета за акредитација на земјите на Западен Балкан. Како резултат на оваа работилница произлезе нацрт документ за минималните барања за оценувач.

 

ЈАВЕН ПОВИК