Учество на ИАРМ во обуката „Инфраструктура за квалитет за безбедност на храна“

 
Под покровителство на SIDA (Swedish International Development Agency) a во организација на SWEDAC (Swedish Board for Accreditation and Conformity Assessment), NFA (Swedish National Food Administration) and AQS AB (Anrica Quality Services AB), во периодот март - август 2011 година се организираше обуката „Инфраструктура за квалитет за безбедност на храна“ за земјите од Балканскиот регион. Обуката имаше меѓународен карактер со учество на претставници од четири земји, Македонија, Грузија, Молдавија и Босна и Херцеговина.
Обуката се одвиваше во три фази. Првата фаза се одвиваше во Стокхолм и Упсала, Шведска, во периодот од 7 март – 2 април, 2011 година и имаше едукативен карактер за сите компоненти кои ја формираат инфрастуктурата за квалитет за безбедност на храна. Втората фаза, во периодот април – август, 2011 година, беше наменета за подготовка на проектите од страна на учесниците во своите земји. Третата и завршна фаза беше наменета за презентација на проектите и на предлог на сите учесници на обуката се одвиваше во Скопје, Р. Македонија, во хотел „Арка“ од 20-27 август 2011 година.

ИАРМ учествуваше со еден свој претставник од вкупно седумте учесници од Р. Македонија на оваа обука. Во рамките на презентирање на проектите, ИАРМ го презентираше проектот „Преглед на ифраструктурата за квалитет за безбедност на храна во Република Македонија, од аспект на акредитација“ и истиот беше позитивно оценет од организаторите на обуката. Меѓу останатите активности во рамките на оваа обука, учесниците го посетија и Тренинг центарот на ИАРМ.

 

   

    
   
    
 
 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК