Одбележан 9-ти јуни – Светскиот ден на акредитацијата

 

И оваа година, продолжувајќи ја традицијата од минатата година, Институтот за акредитација на Република Македонија свечено го одбележа 9-ти јуни - Светскиот ден на акредитацијата. Свеченоста беше одржана во конференциската сала на хотелот „Александар Палас“ во присуство на високи претставници на Делегацијата на Европската Унија во РМ и Владата на Република Македонија. Истовремено, на настанот беше претставен проектот „Техничка помош за зголемување на капацитетите на Институтот за акредитација (ИАРМ)“, финансиран од Европската Унија.
Со поздравни обраќања за значајноста на акредитацијата за изградба на препознатлив квалитет на домашните производи и услуги на меѓународно и национално ниво, свеченоста ја отворија г-дин Лукас Мелка, претставник на Делегацијата на ЕУ во РМ, Д-р Методиј Хаџи-Васков, заменик министер за економија во Владата на РМ и Д-р Анита Грозданов, заменик претседател на Советот на ИАРМ. Во текот на официјаниот дел, директорот на ЕУ проектот, г-ѓа Тамара Шрам и тим лидерот на проектот, г-ѓа Ирена Васаитиене ги презентираа целите и активностите во рамките на проектот “Техничка помош за зголемување на капацитетите на Институтот за акредитација (ИАРМ)“.
Директорот на ИАРМ, Д-р Трпе Ристоски говореше за постигнатите резултати на ИАРМ во изминатата година, како и за одбележувањето на Светскиот ден на акредитацијата под мотото “Поддрша на работата на регулаторите“. Официјалниот дел беше затворен со свечено доделување на сертификатите за акредитација на 40 акредитирани тела во периодот јуни 2010/2011 година.

Покрај акредитираните тела, со своето присуство настанот го поддржија претставници од министерствата и други државни органи, раководството и вработените на ИАРМ, телата за оцена на сообразност и оценувачите на ИАРМ.

 

  

 

 

ЈАВЕН ПОВИК