ИАРМ организираше обука по стандардот МКС EN ISO/IEC 17011:2006

Во периодот од 21-22.01.2011 година, од страна на ИАРМ се организира дводневенa  обука по стандардот МКС EN ISO/IEC 17011:2006. Обуката беше организирана во Охрид.
Координатор на обуката беше Драган Велевски, менаџер за квалитет на ИАРМ, додека учесници на обуката беа редовно вработените во ИАРМ. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења од барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17011:2006 за општите барања за телата за акредитација кои акредитираат тела за оцена на сообразност.
Исто така, за време на обуката директорот на ИАРМ д-р Трпе Ристоски, ги информира учесници за реализираните активности на ИАРМ во 2010 година, како и за планираните активности во 2011 година.
 
На крајот на обуката на сите учесници на обуката им беше доделен Сертификат. Овој сертификат, како и знаењата стекнати во тек на обуката, на учесниците им дава можност да бидат ангажирани како интерни оценувачи, кои ќе бидат вклучени во оценувачките активности на ИАРМ при интерните проверки на системот за менаџмент што ИАРМ ги спроведува еднаш годишно.

   

   
   
   
 
 
 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК