ИЗВЕСТУВАЊЕ од I-от состанок на Акредитирани лаборатории за тестирање и калибрација одржан на 30.09.2010

 

Со цел да се поттикне, развие и унапреди меѓусебната соработка и комуникација на Акредитираните лаборатории за тестирање и калибрација во Р.Македонија, на ден 30.09.2010год (четврток) во 1200часот се одржа работна средба во просториите на ИАРМ.
 
На I-от состанок на акредитирани лаборатоии присуствуваа 12 (дванаесет) членови од вкупно 15 акредитирани лаборатоии за тестирање и 4 акредитирани лаборатории за калибрација
 
Присутните членови од акредитираните лаборатории за тестирање и калибрација на I-от одржан состанок дискутираа по следниот дневен ред
1.      Подобрување на меѓусебната комуникација на акредитираните лаборатории во РМ поради застапување на заеднички интереси пред потенцијални клиенти
2.      Можност за организиран настап пред Европските асоцијации од ваков вид
3.      Застапување на заеднички интереси пред Институтот за акредитација на РМ со избор на претставник во Советот на ИАРМ.
Сите присутни членови од акредитираните лаборатории за тестирање и калибрацијасе согласија со идејата и иницијативата за формирање на едно Македонско здружение на акредитирани лабораториикоеактивно ќе учествува во работата на ИАРМ, ќа ја подобри меѓусебната комуникација на акредитираните лаборатории во РМ и ќе обезбеди организиран и заеднички настап на акредитираните лаборатории. За кандидат и член во Советот на ИАРМ беше предложена и избрана Госпоѓата Магдалена Трајковска Трпевска од Технолаб доо Скопје како претставник од страна на акредитираните лаборатории за тестирање и калибрација (тела за оцена на сообраност).
 

Скопје, 30.09.2010

  

Асоцијација на акредитирани лаборатории
 
1. Марија Петровска, ЈЗУ ЦЈЗ Битола
2. Гордана Мајнова, ЈЗУ ЦЈЗ Куманово
3. Сашо Соломонов, ЕКОТЕХ дозиметрија Скопје
4. Лилјана Угринова, Центар за испитување и контрола на лекови, Фармацевтски факултет Скопје
5. Лидија Мујунџиева Минева, ОКТА лабораторија
6. Ице Рикаловски, ОКТА лабораторија
7. Марјана Поповска, УКИМ ЗИМ Скопје АД
8. Славица Ивановкса, ЈЗУ ЦЈЗ Кочани
9. Тони Мицков, ЈЗУ ИЈЗ на РМ
10. Дејан Јанкуловски, Факултет за ветеринарна медицина
11. Магдалена Трајковска Трпевска, Технолаб доо Скопје
12. Елена Трпчевска, Технолаб доо Скопје

 

 

  

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК