ИАРМ организираше обука за оценувачи по стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006

 

ИАРМ организираше обука за оценувачи по стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006
 
Во периодот од 22-24.09.2010 година, од страна на ИАРМ се организира тридневенa  обука за оценувачи по стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006. Обуката беше организирана во просториите на Тренинг центарот на ИАРМ.
Учесници на обуката беа оценувачи, кандидати за оценувачи и експерти од Пулот на оценувачи и експерти на ИАРМ, редовно вработени во ИАРМ и надворешни лица. Како предавачи на обуката се вклучија претставници од Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ).
Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења од барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC17025 за акредитација на лаборатории за тестирање и калибрирање и начинот на оценување на барањата по стандардот МКС EN ISO/IEC 17025, како и да се запознаат со дополнителните барања дефинирани во документите на регионалните и меѓународните организации за акредитација (EA-Европската организација за акредитација и IAF-Меѓународниот акредитационен форум), како и документите на ИАРМ. Покрај тоа, сите учесници се запознаа со Законските и статутарните аспекти на акредитацијата, со процесот на акредитација, процедурата и методологијата на оценување и барањата за компетентност на оценувачите на ИАРМ.

На крајот на обуката на сите учесници кои редовно присуствуваа на обуката им беше доделен Сертификат. Овој сертификат, како и знаењата стекнати во тек на обуката, на учесниците им дава можност да бидат ангажирани како оценувачи, кои ќе бидат вклучени во оценувачките активности на ИАРМ при акредитација на лаборатории за тестирање и калибрација, доколку ги исполнат и останатите критериуми дефинирани во процедурите на ИАРМ за селекција, обука и оцена на работата на оценувачите.

 

  

  

 

   

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК