Одржана TAIEX работилница на тема: „Улогата на акредитацијата во имплементација на Регулативата (ЕЗ) 765/2008 и Комуникација со Националните Регулатори“

Oрганизирана од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија 

 

На 21 јуни 2010 година, во хотел „Арка“ се одржа работилница на тема: „Улогата на акредитацијата во имплементација на Регулативата (ЕЗ) 765/2008 и Комуникација со Националните Регулатори“, комплетно поддржана од страна на TAIEX инструментот за техничка поддршка при Европската Комисија.
Работилницата официјално ја отвори државниот секретар во Министерството за економија, г-ѓа Катерина Костеска која во својот говор го истакна значењето на акредитацијата во добивањето на квалитен производ и услуга, како и достигнувањата на Институтот за акредитација на Република Македонија и неговата соработка со Министерството за економија.
Покрај вработените на ИАРМ, учесници на работилницата беа и претставници од Министерството за економија, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање, Институтот за стандардизација на Република Македонија, Бирото за метрологија, Стопанска Комора на Македонија, стопанските субјекти и телата за оцена на сообразност.
            Во улога на предавачи на работилницата учествуваа Д-р Трпе Ристоски, директор на ИАРМ и г-н Малколм Хајнд, Менаџер за надворешни работи на Акредитационото тело на Велика Британија со повеќе од 25 години искуство во Секторот за трговија и индустрија на Велика Британија. Д-р Трпе Ристоски одржа презентација за акредитацијата во Република Македонија, придобивките од оваа активност и значењето на потпишувањето на Договорот за меѓусебно признавање на акредитациите на европско ниво (Multilateral Agreement – MLA). Поголемиот дел од излагањето во текот на работилницата му припадна на г-н Малколм Хајнд. Г-н Хајнд во своите презентации ги објасни целите и значењео на Регулативата (ЕЗ) 765/2008, како и улогата на акредитацијата во елиминирање на техничките бариери во трговијата и нејзината поврзаност со надзор на пазарот и CE ознаката. Најголем осврт беше ставен на одредување на ефикасниот начин на комуникација со националните регулатори и препознавање на акредитацијата како моќна алатка за обезбедување на доверба во широк спектар на области каде истата наоѓа примена, поткрепено со практични примери и искуства на акредитационото тело во Велика Британија.

            Во текот на предавањата беше развиена дискусија во која активно се вклучија поголем дел од учесниците, при што сите прашања и дилеми беа разрешени и образложени од страна на предавачите.

 
 
 
 
 

ЈАВЕН ПОВИК